Горивата пред ново поевтинување, цените на храната никако да дојдат на ред

Нови цени на  горивата ќе се утврдуваат на утрешниот состанок на Регулаторната комисија за енергетика. Според најавите, се очекува намалување на цените на горивата. Во прилог на ова оди состојбата со цените на нафатата на светските пазари.

Нафтата на американската берза во моментов се продава за 71 долар за барел, а на лондонската за 76 долари за барел: тоа се можни параметри за ново поевтинување.

Со последното големо поевтинување дизелот и и еуро супер 98 чинат 79,50 денари, а еуросупер 95 – 77,50 денари. Со ова, Македонија се најде меѓу земјите со најниска цена на горивата во цела Европа. Во Србија, на пример, бензините се продаваат за 95 денари за литар за бензинот 95, , дизелот се точи за 105 денари. Во Албанија пак цената на бензинот еуросупер 95 е 106 денари, додека дизелот е 120 денари за литар. Во Бугарија пак цените на горивата се следни: бензините се точат за 91 со 104 денари, а дизелот е исто 104 денари. Во Грција горивата се уште поскапи, па дизелот таму се точи 123 денари, додека бензинот 95 се продава за 127 денари од литар. Еуросупер 98 се продава за 136 денари од литро. Црна Гора пак е втората земја после Македонија од европските земји која има најевини горива. Бензинот се продава за 89 денари, еуросупер 98 се продава за 92 денари од литар, а дизелот за 100 денари од литар.

Но, намалувањето на цените на горивата се уште не предизвикува и значително намалување на цените на основните животни намирници. Лебот, млекото, месните производи и натаму се со високи цени определени во изминативе месеци кога горивата беа поскапи. Млекото е околу 80 денари за литар, брашното околу 50, 10 јајца чинат 100 денари а литар масло околу 115 денари. Лебот млекото сирењето и јајцата се поскапи за речи си 40 проценти од лани, додека месото и маслото имаат раст на цените од над 30 отсто. Одгозгора, од 1 декември, производителите на храна плаќаат повластена цена на електрична енергија но и покрај најавите дека ќе има поевтинувања од 1 декември тоа се уште не се случува. 187 компании од прехранбената индустрија веќе десетина дена произведуваат користејќи струја со повластена цена од 80 евра за мегават. Оваа мерка Владата ја најави како нешто, што ќе ги намали екстремно покачените цени на прехраната. Сепак, инспекциите покажале дека во првата недела од мерката, таа не носи резултати.

Според последните пресметки на статистика, ноемвриската инфлација достигна 19,5 отсто.

Претходна вестКазнети 127 возачи во Скопје, десетмина возеле пијани
Следна вестПотрага по лице кое се фрлило од мост на Вардар во Аеродром