Тимот нуркачи на МВР од САЕ Тигар, поради временските услови ја прекина потрагата по лицето кое утрово скокна во водите на реката Вардар. Потрагата ќе ја продолжат рано наутро заедно со тимови на Црвениот Крст и Дирекцијата за заштита и спасување, соопшти ЦУК.
Денес е пребаран потегот од мостот Близнак до Железничкиот мост и уште три километри во правец кон село Долно Лисиче.
Инаку, денеска во 06:00 часот на 112 во Центарот за управување со кризи е добиено известување дека непознато лице од Мостот „Близнак“ на булевар „Србија“ се фрлило во речното корито во надојдените води на реката Вардар. На лице место се излезени екипи од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје како и екипи на МВР и истите преку Центарот за управување со кризи побараа подршка и ангажирање на спецализираните тимови за претрага во води од Дирекцијата за заштита и спасување.