Видео на кое се гледа како ученик малтретира наставничка во општинско средно училиште „Јовче Тесличков“ во Велес објави вечерва телевизијата Канал 5. Во прилогот се наведува дека настанот се случил во октомври 2019 година а телевизијата снимката ја добила од анонимно лице чиј идентитет е познат на овој медиум.
-Нападнатата професорка е со иницијали Б.С. , а директорка во тоа време била лицето О.К., која според изворот, не преземала соодветни мерки! Идентитетот на учениците кои ја малтретираат не е познат. Настанот/булингот се случува во економското училиште во Велес – “Јовче Тесличков”. Тогашната директорка на училиштето била лицето со иницијали О. К. а сегашен директор на истото училиште е лице со иницијали В. Т., се информира во прилогот.
Канал 5 побара од МВР да почне да го разрешува случајот.
-За видеото добивме и одредени податоци, од кои се гледа и се слуша дека ученикот кој снима зборува на албански јазик ( што е тотално ирелевантно за настанов, можел да зборува и кинески ако сакал ). Уште еднаш ја потенцираме важноста на одговорните институции, обинителството и судовите дека толеранција за вакви настани не смее да постои, и бараме од МВР ургентно да почне да го разрешува овој срамен за професорската фела, но и за нашата држава, чин, се наведува во прилогот.