Времето денеска ќе биде променливо облачно со локален дожд, а на планините претежно во западните и северните делови со слаб снег. Кон крајот на денот и во текот на ноќта поради значително заладување, во северните делови ќе има услови за снег и на пониските места.
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а на североистокот ветерот ќе биде северен. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд, во текот на ноќта ќе дува слаб до умерен северен ветер и на повисоките делови од котлината ќе има услови за појава на слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Во вторник ќе има преодно стабилизирање на времето. В среда се очекуваат нови врнежи од дожд, на места пообилни, а на планините и на повисоките места од снег. Од четврток ќе има значителен пораст на температурите. Во следните три дена минималната температура ќе се движи од минус три до шест степени, а максималната од три до 10 степени.