Северот на Косово помина мирна ноќ но блокадите и тензиите не исчезнаа

Без инциденти и конфликти поминала изминатава ноќ на северниот дел на Косово каде деновиве ескалираа тензиите меѓу косовските власти и српското население. Косовските Срби кои протестираат поради апсењето на бившиот полицаец Дејан Пантиќ и натаму се на барикадите, а северот на Косово е блокиран, при што преку административните премини Брњак и Јариње не може да се помине ни пешки.

Од Јариње до Звечани има неколку барикади, а најмногу луѓе има на барикадата кај Рударе, кај крстот, каде сообраќајот од Звечани кон Приштина е целосно блокиран. Барикада е поставена и на патниот правец Митровица – Зубин Поток, кон точката Брњак. Како што е најавено, училиштата на северот на Косово денеска нема да работат.

Српскиот претседател Александар Вучиќ ги повика Србите на северот на Косово да бидат мирни и сталожени, да не наседнуваат на провокации и да ги почитуваат КФОР и ЕУЛЕКС. Училиштата во северниот дел на Косово и денеска ќе бидат затворени.

Косовската полиција целосно го забрани движењето преку премините Брњак и Јариње, додека припадниците на специјалните косовски сили РОСУ упаднаа во објектот на големата брана Газиводе, каде што ги искинале српските знамиња.

По 21 часот се слушнале истрели и детонација во Рудар кај Звечани, но не е познато кој пукал. Таму и натаму има барикади, но ситуацијата е мирна, велат српските медиуми.

Косовскиот премиер Албин Курти претходно го повика КФОР да ја гарантира слободата на движење, наведувајќи дека „барикадите се организирани од криминални групи кои пукаат во косовската полиција и полицијата на ЕУЛЕКС.

Поради последните случувања во Косово, Вучиќ синоќа свика седница на Советот за национална безбедност, истакнувајќи дека вчерашниот ден му бил најтешкиот досега.

-Ова се драматични денови, за кои ние не сме виновни. Косовската полиција нема никакво право да биде на северот на Косово. Белград не нареди да се постават блокади, кажа Вучиќ.

Претходна вестОблачно со локален дожд, на планините слаб снег
Следна вест165 казнети возачи во Скопје, речиси секој втор возел пребрзо, 20 биле пијани