Белгиската полиција нема да казнува, ќе протестира

Во Белгија полициските синдикати смислија уникатен начин на протести. Четирите полициски синдикати од ова земја, најавија дека од 15 декември до 15 јануари се бара полицајците да ги сведат казните на минимум во знак на протест против владата.

Синдикатите бараат од полицајците да одговорат на „нерепресивен начин“ во случај на прекршување од страна на автомобилистите, како и да ги намалат контролите за присуство на алкохол во крвта на возачите.

Овој протест е одговор на владината одлука за реформа на пензиите во полицијата како и укинувањето на покачувањето на платите на полицајците.

Доколку не добијат задоволителен одговор полицајците најавија дека ќе продолжат со слични акции ако треба до 2024 година, јавија белгиските медиуми.

Претходна вест165 казнети возачи во Скопје, речиси секој втор возел пребрзо, 20 биле пијани
Следна вестЕрдоган: Нашите ракети можат да ја погодат Атина