Во истрагата за корупција во Европарламентот запленети околу 1,5 милиони евра

Околу 1,5 милиони евра се запленети во рамките на истрагата за корупција во Европарламентот. Ова денеска го објави белгиската полиција заедно со фотографиите на запленетите пари. Соопштението е објавено на Твитер заедно со слики на кои се гледа мал куфер, неколку актовки и хартиени кеси полни со евра.

Четири лица се уапсени од петокот под обвинение дека влијаеле на одлуките на Европскиот Парламент во корист на домаќинот на Светското првенство Катар во замена за пари и подароци. Сега поранешната потпретседател на Европскиот Парламент, Ева Каили, нејзиниот партнер, поранешниот европратеник Антонио Панцери и четвртото лице денеска треба да се појават на суд, каде се очекува судијата да одлучи дали ќе им одредени мерка притвор. Уште две лица беа приведени во петокот, но подоцна беа ослободени.

Парите биле пронајдени и во куќата на едно од осомничните лица, друг дел во стан, а трет дел од парите во ковчег во хотелска соба во Брисел. Потпретседателката на Европскиот парламент, Ева Каили наводно примила дел од парите заедно со својот партнер Франческо Џорџи. Двајцата се меѓу четворицата уапсени осомничени за перње пари, корупција и учество во злосторничко здружување.

Каили негирала дека е виновна истакнувајќи дека „нема никаква врска со подмитување“. Нејзиниот адвокат соопшти дека нејзината позиција е дека не знаеше за парите во нејзиниот дом. Односно, дека парите што беа најдени во нејзиниот дом, а ги донел нејзиниот партнер, таа не знаела дека постојат.

-Кога дознала, без да знае од каде потекнуваат, побарала да бидат отстранети и да му бидат дадени на сопственикот, изјави адвокатот на Ева Каили, Михалис Димитракопулос за грчката телевизија „Скај“.

Адвокатот истакна дека не може да го открие ниту името на сопствениот, ниту точниот износ и додаде дека никој не знае дека парите потекнуваат од Катар.

Претходна вестНикој не може да се нарече Меси, неговиот роден град тоа го забрани со закон
Следна вестВо Советот на Скопје се бара одговор дали ЈСП има долг кон приватниците?