57 годишен жител на Мала Речица вчера со пиштол влегол во угостителски објект во Тетово и се обидел да пука. За среќа, бил спречен од присутните. Настанот го потврди и МВР.
– На 17.12.2022 во 19.40 часот во с.Голема Речица, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.С.(57) од с.Мала Речица, тетовско. Тој се сомничи дека на 17.12.2022 околу 15.00 часот во угостителски објект во Тетово се заканил на Б.А.(30) од Тетово и се обидел со пиштол да пука кон него, но бил спречен. Кај лицето бил пронајден пиштол и три куршуми, информираат од МВР.
Од МВР велат дека по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.