30 дена притвор за велешанецот, кој ја усмрти 11-годишната Магдалена

Триесет дена притвор доби велешанецот Ангелче Николов, кој со автомобил во саботата ја усмрти 11-годишната Магдалена, а тешко ја повреди нејзината мајка.

Судија на претходна постапка го прифати барањето на обвинителството, кое отвори истрага за две кривични дела. Ќе го гони и за сообраќајката со смртни последици, но и за тоа што побегна и не им пружи помош на повредените.

 

Претходна вестМалолетник од Скопје бил нападнат од три негови соученици
Следна вестПретрес во Битола, пронајдени близу 1500 пиротехнички средства