Првиот зимски ден донесе студено време, сонце и малку облаци

На подрачјето на Македонија времето денеска наутро ќе биде студено, по одделни котлини со појава на магла или ниска облачност. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб југоисточен ветер.

Температурите ќе се движат од -4 до 11 целзиусови степени.

Во Скопје наутро студено со појава на магла, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Температурите ќе стигнат до 6 целзиусови степени.

Инаку, денеска и календарски започна најстуденото годишно време во годината – зимата. Зимата започнува на северната хемисфера на Земјата и ќе трае до 20 март, додека летото ќе започне за жителите на јужната хемисфера.

На денот на почетокот на зимата, денот е најкраток, а ноќта е најдолга. Сонцето денеска изгреа во 7 часот и 12 минути, а ќе зајде во 15 часот и 59 минути.

Претходна вестМакедонецот кој беше пронајден мртов на улица во Бугарија, починал од срцев удар
Следна вестАнгелов најави евтанaзирање на бездомните агресивни кучиња кои нема да бидат вдомени