Непосредно пред Божиќ на аеродромот во Минхен владее хаос. Куфери се натрупани по ходниците и секој ден ги има се повеќе. Празниците допрва почнуваат, па се очекува хаосот да се зголеми.
Само минатата недела околу 15.000 куфери останаа поради хаосот предизвикан од силниот мраз. Состојбата дополнително ќе се влоши, за време на претпразичниот метеж, меѓу 23 декември и 8 јануари, кога околу 11.000 авиони ќе полетаат или слетуваат. Се очекуваат 1,3 милиони патници и многу багаж.
Некои авиони полетуваат без натоварени куфери на патниците, па овие денови најверојатно ќе има непријатни изненадувања кога патниците ќе пристигнат на туристичките дестинации.
Според германските медиуми, по ходниците на аеродромот се натрупани околу 30.000 изгубени куфери, а тој број секојдневно расте.