Едно лице е приведено вчера во Скопје поради поседување дрога, соопшти денеска полицијата.
МВР информира дека вчера во акција на полицијата со обезбедена наредба од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд, извршен е претрес во стан на Љ.Г. (22) во скопската населба Влае.
=При претресот пронајдени се две поголеми пакувања со околу 350 грама амфетамин, дигитална вага, половина килограм марихуана, 333 парчиња екстази и предмети за кои постојат основи на сомнение дека потекнуваат од продажба на дрога. Претходно Љ.Г. е лишен од слобода и спроведен во полициска станица и до надлежното обвинителство ОЈО Скопје против него ќе биде поднесена кривична пријава за извршено кривично дело, а во текот на денешниот ден ќе биде изведен пред судија на претходна постапка, се наведува во соопштението.
Според добиените информации, пронајдената дрога требало да биде продадена и дистрибуирана на други дилери и уживатели за новогодишната ноќ.