Пронајдени околу пет илјади парчиња пиротехнички средства кај радовишанец
ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против А. Ш. (31) од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи”.
На 29 декември 2022 година во Радовиш, полициски службеници извршиле претрес во домот кај пријавениот, при што пронашле и одзеле 4.786 парчиња разновидни пиротехнички средства.