На територија на град Скопје изречени се вкупно 117 мерки, соопшти денеска МВР за вчерашните контроли на скопските сообраќајници.
Меѓу нив за возење повеќе од дозволената брзина имало седум санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола и три санкции за возење под дејство на алкохол.
-Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за недавање на првенство на минување на пешаци…, соопшти полицијата.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.