Новак Ѓоковиќ речиси сигурно нема да може да учествува на Мастерсот во Индијан Велс и Мајами доколку не биде вакциниран. Владата на САД го продолжи условот за влез на патниците во земјата, кои мора да приложат доказ дека примиле најмалку две дози од вакцината против Ковид.
Ова правило е продолжено до 10. април 2023 година, а невакцинираните лица можат да влезат во САД само доколку ги исполнуваат критериумите за изземање.
Новак ниту минатата година не можеше да влезе во Соединетите Американски Држави бидејќи не беше вакциниран, па затоа мораше да ги пропушти турнирите во Мајами и Индијан Велс, како и уште два Мастерса и УС Опен.