Две девојчиња и четири жени се повредени вчера во престрелка во Лондон

Лондонската полиција соопшти дека две девојчиња на возраст од седум и 12 години и четири жени се ранети во вчерашната престрелка во близина на гробишта во тој град.

Седумгодишно девојче е пренесено во болница во тешка состојба, а 12-годишно девојче се здобило со повреди на ногата, пренесува АП.

Сите четири жени исто така се хоспитализирани.

Претходна вестГолем  скандал ја стресе Македонија во екот на СП- нашите најдобри судии осомничени за местење натпревари?
Следна вестНа Деве Баир запленета марихуана во вредност до 300 илјади евра