Опозиционерот Таравари: Може ќе станеме дел од Владата, ако не, да се оди на избори

Македонската опозиција долго време посочува дека власта не знае да работи и треба да си замине. Предвремени избори е лекот – повторуваат тие во секоја прилика. Од друга стана власта е жилава и иако нема стабилоно мнозинство во парламентот тера по својот владеачки пат.

Што ќе се случи ќе има избори или не?Опозицијата ќе се избори ли како што вели „за подоброто на Македонија“? Околу ова прозборе и опозиционерот Арбен Таравари кој до сега силно укажуваше дека власта не е добра и треба да биде сменета.

-Постои можност Алијанса за Албанците да стане дел од Владата, а ако тоа не се случи треба да се оди на избори, изјави лидерот на партијата Арбен Таравар во гостување на ТВ21.

Трета опција тој не спомена.

– Постои можност за влез во Владата. Конкретна понуда нема, но ние сме во постојана комуникација. Гледате како е во Собранието. Мислам дека сме 60-60. Собранието не може да создаде мнозинство без помош на Алијансата. Ако не станеме дел од Владата, тогаш одиме на избори. Нема друго решение. Сепак, приоритет за нас се уставните измени и затоа сме спремни да станеме дел од Владата за да го помогнеме процесот, рече Таравари.

За односот на Алијанса за Албанците со опозициската ВМРО-ДПМНЕ, тој кажа дека во моментов двете партии се дистанцирани, иако има некое ниво на комуникација помеѓу пратениците.

Претходна вестЛовци на нацистичко злато окупираа село
Следна вестСо интернационална виртуелна школа ќе започне чествувањето на 100-годишнината од раѓањето на Ацо Шопов