Мајка вчера пријавила дека нејзината ќерка била принудувана на проституција од страна на 17-годишник со кого живеела во вонбрачна заедница.
– На 16.01.2023 во полициска станица е извршен службен разговор со 17-годишник, постапувајќи по пријава на 46-годишна скопјанка, според која нејзината 17-годишна ќерка, која живеела во вонбрачна заедница со 17-годишникот, со закани од него била подведувана и присилувана на проституција, велат од МВР.
За настанот е известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.