На територија на град Скопје изречени се вкупно 143 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 56 санкции, соопшти денеска МВР за вчерашните контроли на скопските сообраќајници.
Имало и 15 мерки за возење без возачка дозвола и 11 санкции за возење под дејство на алкохол.
-Изречени се шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, три мерки за возач почетник…, се наведува во информацијата.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, укажувата од МВР.