Џонсон: Путин ми се закани со ракетен напад, рече ќе „трае една минута“

Борис Џонсон, поранешниот премиер на Велика Британија, откри дека Владимир Путин, претседателот на Русија, му се заканувал со ракетен напад пред да ја нападне Украина во февруари минатата година. Како што откри поранешниот премиер, во документарецот на Би-Би-Си, кој се занимава со разговорите на Путин со светските лидери, заканата дошла во телефонски разговор што двајцата го имале пред нападот на Украина.

Џонсон вели дека Путин му рекол дека „тоа ќе потрае само една минута“. Коментарот бил даден откако тој предупредил дека војната ќе биде „крајна катастрофа“ за време на „многу долг“ повик во февруари 2022 година. Џонсон го предупредил Путин дека инвазијата на Украина ќе доведе до санкции од Западот и повеќе војници на НАТО на руските граници.

Како што вели Џонсон, Путин ми се заканил и во еден момент и ми рекол: Борис, не сакам да те повредам, но, со проектил, ќе потрае само една минута .

Тој исто така во емисијата вели дека се обидел да ја одврати руската воена акција со тоа што му кажал на Путин дека Украина нема да се приклучи на НАТО во блиска иднина.

Претходна вестНовак Ѓоковиќ повторно е прв на АТП листата
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и Пендаровски да не ги кријат и јавно да кажат кои странски агентури влијаат на односите со Бугарија