Тетовската полиција информира дека вчера било пријавено дека околу 3 часот и 30 минути во тетовската Клиничка болница бил донесен малолетник од Тетово во тешка здравствена состојба, без траги на насилство.
По укажаната лекарска помош, околу 7 часот малолетникот починал. Јавен обвинител, екипа од СВР Тетово и лекар по судска медицина извршиле увид. По наредба на Јавниот обвинител телото било предадено на семејството.