Охриѓанец Чеди Осман стана шести најдобар тројкаш на НБА клубот Кливленд (ВИДЕО)

НБА кошаркарот по потекло од Охрид, Чеди Осман блескаше во победата на Кливленд против Клиперс со 122:99 и го предводеше својот тим со 29 постигнати поени.

Посебно успешен Осман беше во обидите за три поени, каде што немаше промашување и ги реализираше сите седум обиди. Покрај тоа што беше поентерски најрасположен, тој додаде уште два скока и две асистенции. На спротивната страна Бостон постигна 24 поени.

Исто така Осман со овие седум тројки дојде до шестата позиција на вечната листа на Кливленд.

Претходна вестНашла лична карта, па се обидела да земе брз кредит, заработила кривична
Следна вестНедановски: Треба време за да го видиме вистинскиот Вардар