Од ноќеска на полноќ дизелот 80 денари, бензинот останува со иста цена

Од ноќеска на полноќ цената на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство ќе се намали за два денара, додека на бензините останува иста, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Според РКЕ, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е В) ќе чини 80 денари за литар, екстра лесното масло 78,5 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 84 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 86 денари за литар, а мазутот 41,346 денари за килограм.

Со ваквата Одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,98 отсто.

 

Претходна вестБритански генерал: Ако нѐ нападнат Русите, за еден ден ќе останеме без муниција
Следна вестНапад со остар предмет во автобус во Скопје