Калин Ивановски поразен во полуфиналето на турнирот во Тунис

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски не успеа да се пласира во финалето на ИТФ фјучерсот вреден 15.000 долари во Монастир, Тунис.

Ивановски, иако прв носител на турнирот, загуби во полуфиналната пресметка од Италијанецот Федерико Џанаконе (седми носител на турнирот) во два сета, со 2-6, 4-6, по нешто повеќе од еден час и половина игра.

Претходна вестПретседателот Пендаровски положи цвеќе по повод 151 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев
Следна вест42 отсто од Македонците би се иселиле од земјава, покажа ново истражување