Египет отвори гробница стара 4.000 години за туристите

Гробница која е стара 4.000 години беше повторно отворена, обновена и документирана за туристите. Гробот на достоинствениот Меру од Средното Кралство Египет, стана најстарото место отворено за јавноста на западниот брег на Луксор.

 – Меру бил висок функционер на дворот на кралот Ментухотеп II од 11-та династија кој владеел до 2004 година п.н.е.  кој како и Меру бил погребан во северната некропола Асасиф, објави министерството.

 Постоењето на гробницата на Меру е познато од средината на 19 век, според полската египетска археолошка мисија. Гробот се наоѓа на место каде можат да се видат и едни од најспектакуларните фараонски споменици, вклучувајки ја и долината на кралевите.

Гробницата на Меру беше обновена од полскиот центар за медитеранска археологија на Универзитетот во Варшава и египетскиот Врховен совет за антиквитети.

 

Претходна вестСДСМ: Oтстранета е опасноста земјата да биде зафатена од радикални елементи како Левица и ВМРО-ДПМНЕ
Следна вестСудар вреден милион долари, вработен за паркирање судрил две „ламборгини“