До сега собрани над 16 милиони денари за помош на настраданите во Турција и Сирија

Населението во Македонија ја покажа својата хуманост на дело. Заклучно со денешниот ден преку донаторските телефонските линии и од Фондот на солидарност на Црвен крст се собрани и уплатени вкупно 16.095.831 денари.

– Правните субјекти и физичките лица освен на телефонот 143 400 и на сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст, можат да донираат и материјални добра согласно приложената листа на потреби за помош на настраданото население, упатена од страна на Турската држава и Турската Црвена полумесечина и тоа зимски семејни шатори, ќебиња, геалки на струја/плин, церада (постилка за на земја), Вреќи за спиење, креветчиња на расклопување, фенер на соларно напојување, храна и средства за хигиена, велат од Црвениот крст.

 Помош се очекува и во следните денови.

Претходна вестМакедонски државјанин фатен во Грција со 45 килограми канабис
Следна вестФондот исплаќал породилно и за период кога родилките оделе на работа, па им ги барал парите назад