Обид за шверц на риби – белвици е причина за приведување на двајца албански државјани. Полицијата соопшти дека по претходно преземени мерки и активности, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал Струга и Полициската станица за граничен премин Ќафасан денеска на излез од државата привеле двајца дваесетидвегодишни државјани на Албанија кои сакале да превезат 232 парчиња белвица.
-При контрола во патничко возило „шкода”, со албански национални ознаки, биле пронајдени 232 парчиња охридска белвица кои биле предмет на недозволена трговија од Република Северна Македонија кон Република Албанија, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Двајцата Албанци се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.