Не сакале да пропуштат пешаци на пешачки, казнети 67 возачи

Некултура или невнимание? 67 возачи не ги пропуштиле пешаците на обележан пешачки премин па заработија казна.

– МВР во текот на вчерашниот ден во периодот од 10 до 14  часот на територијата на Македонија спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи. При контролата казнети биле 67 возачи, а санкционирани се и 118 останати прекршоци, известуваат од МВР.

Оттаму и апелираат до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, но, апелираат и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано.

Претходна вест„Падна“ дилер на дрога од Скопје
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Една партија внатре, две надвор, владата побргу се распаѓа, отколку што зацврстува