Тлото на Турција не престанува да се тресе. Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ) наведе дека земјата во текот на ноќта ја погодиле дури шест силни земјотреси во претежно во разурнатите области.
– Првиот потрес бил на 17 километри од Хекимхан во провинцијата Малатија, со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала на длабочина од пет километри, а ја погодил Турција околу 3:11 часот по локално време. Само дваесет минути подоцна, два силни земјотреси погодиле уште два региони, едниот бил во Ијаладереа во близина на сириската граница со јачина од 4,2 степени според Рхтер, а другиот се случил во областа Карлиова, со магнитуда од 4,5 степени според Рихтеровата скала. Околу 10 до 4 часот наутро земјотрес имало и во Караманмараш, градот кој речиси беше уништен во првата серија земјотреси, овој пат со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала, се вели во известувањето.
Тлото во Турција било мирно околу четири часа, но утрото околу 8 часот и 45 минути се случил нов земјотрес во близина на Антиохија, на границата со Сирија. Земјотресот бил со јачина од 3,1 степени според Рихтер, пренесува „Нова.рс“.