Приведен 52-годишен маж, покажувал порнографски материјал на малолетничка

Полицијата вчера приведе 52-годишен велешанец со иницијали Р.Б. Тој се сомничи дека преку мобилна апликација на малолетничка од Скопје пуштал фотографии со експлицитна содржина.

– Со судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом и биле пронајдени предмети поврзани со делото, информираат од МВР.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестМаж договарал клиенти на 20-годишна битолчанка за проституција
Следна вестИ денеска пролетни температури и сончево време