Глутница кучиња нападнаа домашен миленик во скопски Аеродром

Глутница од кучиња нападна домашен миленик и маж во скопската населба Аеродром.

Од вознемирувачката снимка која ја доби „Макфакс“ се гледа како сопственикот на миленикот беспомошно се обидува да го спаси неговото куче од глутницата, додека тие го распарчуваат. Се обидува со повлекување на поводникот, но не успева. Се обидува со викање да ги растера, но исто така не успева.

„Му го изедоа кучето на човекот“, „Ексик веќе“, се слуша на снимката.

Претходна вестИ денеска пролетни температури и сончево време
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Тазе фирма на човек близок до Груби добилa акредитација за баждарење на пумпи