Тренерот Николиќ: Горд сум на кошаркарите на МЗТ Скопје

Кошаркарите на МЗТ го освоија трофејот во Купот на Македонија. Во финалето МЗТ го победи Феникс со 89:73 (28:14, 20:23, 23:24, 18:12). Тимот од „Јане Сандански“ го освои 11. трофеј во Купот, во клупската историја, со што стана најтрофеен во оваа натпреварување.

Избраниците на тренерот Драган Николиќ победата ја најавија уште во првата четвртина во која стекнаа предност од 14 поени.

– Немам зборови за ова финале, сакам да им се заблагодарам за сите на честа во Македонија. Феникс го направи финалето големо, одигра доста добар натпревар овој тим, беше убав и за публиката и за македонската кошарка. Горд сум на клубот, мојот стручен штаб, играчите на прво место, навивачите секако. И ова е само прв наш чекор во оваа сезона, имаме уште две големи цели да оствариме и би му посакал на секој, еден ден во животот да се чувствува како јас сега, изјави тренерот на МЗТ Скопје Аеродром.

Следната мисија на МЗТ е да се обиде да избори опстанок во АБА лигата и да ја одбрани титулата во првенството на Македонија.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Тазе фирма на човек близок до Груби добилa акредитација за баждарење на пумпи
Следна вестСДСМ: Рекордно домашно производство на струја