Вчера беше регистриран нов земјотрес со јачина од 6,4 степени, во покраината Хатај, што беше тешко погодена од силниот земјотрес пред две недели. Епицентарот на земјотресот бил во градот Дефне, во Турција, а се случил во 20:04 часот по локално време, односно 18:04 часот по средноевропско време.
Во земјотресот до сега загинале најмалку три лица а 213 се повредени, соопшти турскиот министер за внатрешни работи. Спасувачките екипи се на терен во обид да ги извлечат луѓе од под новите урнати објекти.
Потреси беа почуствувани и во Либија, Ирак, Палестина и Сирија. Во делови од овие земји населението излезе на улиците во паника.
Досега повеќе од 45.000 лица загинаа во земјотресот со јачина од 7, 7 степени според Рихтеровата скала што на 6 февруари ги погодија Турција и Сирија.Турските власти оттогаш регистрираа повеќе од 6.000 последователни потреси.