Добра акција: МВР испрати 200 автобуси на вонреден технички преглед, 19 имале неисправни сопирачки

Не толку дамнешните тешки сообраќајни несреќи укажаа колкав е ризикот од возењето со автобусите. По несреќите кај Ласкарци, во Бугарија… на виделина излегоа и сите пропусти коишто биле правени околу одржувањето на исправноста и проверките на состојбата на автобусите. Повторно се потврди дека најдобар лек да се намалат и одбегнат несреќите се чести контроли и проверки на исправноста.

Добро е што полицијата таквите проверки почна се почесто да ги и прави по македонските патишта. Тоа го покажува и денешниот извештај на МВР за вчерашните контроли врз автобусите.

-Полицијата вчера во периодот од 8 до 12 часот спровела акциска контрола на територијата на цела држава за санкционирање на прекршоци на возила кои вршат јавен превоз на патници. При контролата санкционирани се 32 прекршоци, од кои 19 поради неисправен уред за запирање. Упатени на вонреден технички преглед се 200 автобуси и други возила кои вршат јавен превоз на патници, соопштија денеска од МВР.

Минатата недела, пак, имаше акциска контрола на автобуси што вршат превоз на ученици. Тогаш, полицијата констатира дури 37 сообраќајни прекршоци, а на вонреден технички преглед било упатени четири возила. И на крајот на минатиот месец имаше контрола при што беа изречени 65 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици, а 21 биле упатени на вонреден технички преглед.

Очиледно, состојбата со исправноста на автобусите во Македонија е дискутабилна. Оттаму, добро е што полицијата зачести со контролите и се надеваме дека ќе бидат и уште посеопфатни.

Не треба да се заборават и камионите и другите тешки возила. Мора да се воведе ред, а со тоа и поголема сигурност на македонските сообраќајници.

Претходна вестЈончевски ги избра12 кошаркари за дуелите против Словачка и Норвешка
Следна вестПутин: Невозможно е да се победи Русија на бојното поле, тие ја започнаа војната, а ние користиме сила за да ја запреме