Неочекувани докази покажуваат дека црните дупки се извор на темна енергија

Црните дупки ширум нашиот универзум се во просек седум до 20 пати поголеми од она што биле пред девет милијарди години, а астрофизичарите можеби конечно знаат зошто е тоа така. Решението што тие го смислиле за оваа загатка поврзува две работи кои долго време имаа слични имиња, црните дупки и темната материја

– Ова е навистина изненадувачки резултат. Почнавме да гледаме како црните дупки растат со текот на времето и можеби го најдовме одговорот на еден од најголемите проблеми во космологијата, рече д-р Дејв Клементс од Империјалниот колеџ во Лондон, а пренесува ИФЛ Наука.

Зарем не е логично црните дупки да се изворот на темна материја во универзумот? Па, ако тоа е така тогаш нивното нагло растење во минатото станува логично. За темната материја знаеме многу малку, но сигурни сме дека таа, кога е забележана во галаксии придонесува тие да се шират, сè побрзо и побрзо…Всушност и самиот наш универзум се шири и забрзува ширејќи се, а никој не знаеше точно, односно не ни се сложуваше една космолошка константа…

Научниците за да ја објаснат оваа црна материја која всушност ја има речиси девет пати повеќе од обичната материја во вселената ѝ даваа други потекла – можеби има „црна честичка“ или можеби се дел потчестичка од некоја друга, веќе позната честичка.

Најинтересното? Црната материја, односно нејзиното дејство, е како некој антипод на гравитацијата која спротивно на неа, ги привлекува сите нешта, токму внатре во црните дупки. Тоа ги прави црните дупки идеални места за да се провери како овие две сили си парираат една на друга.

Секако, ширењето на црните дупки во човечко време е многу мало за да ова убаво се измери, но ако се споредат податоците од пред девет милијарди години, како што направиле научниците се гледа дека црните дупки пораснале сами од себе, дека ова растење не можело да биде резултат на спојување на помали црни дупки во поголеми, чиј степен на спојување го знаеме. Исто така, црните дупки пораснале многу побрзо отколку што знаеме дека испаруваат според равенките кои ни ги остави Стивен Хокинг.

– Ние навистина кажуваме две работи одеднаш: дека постојат докази дека типичните решенија на црните дупки не функционираат на многу долги периоди, и дека го имаме првиот предложен астрофизички извор за темна енергија, вели д-р Данкан Фара од Универзитетот на Хаваи.

Научнците во трудот признаваат дека за нивното тврдење да биде испитано ќе треба да се направат многу повеќе и многу различни експерименти.

 

Претходна вестПретседателот на МАНУ Коцарев: Ги повикувам сите 120 пратеници да се изјаснат против уставните измени
Следна вестОбвинителството оформи предмет по допрен глас за смрт на пациенти во прилепската болница