Нашиот селектор и капитен гласаа Меси да биде најдобар светски играч

Македонскиот селекторот Благоја Милевски и капитенот на фудбалската репрезентација Стефан Ристовски гласаа за Лионел Меси и Лионел Скалони во изборот за најдобар фудбалер и најдобар селектор организиран од ФИФА.

Покрај гласовите за Меси и Скалони на кои вчеравечер им беа врачени наградите за најдобри во нивната категорија, нашиот селекторот зад Аргентинецот ги класифицираше Мбапе и Бензема, додека Ристовски на пиедесталот зад Меси ги запиша Модриќ и Мбапе.

Новинарот Мијалче Дургутов гласовите ги подели за Меси, Мбапе и Модриќ, а во изборот за тренер на годината го круниса Лионел Скалони.

Инаку, изборот на Светската фудбалска федерација – ФИФА најдобри во годината, веќе неколку години е издвоен од изборот за „Златна топка“ на „Франс фудбал“. Новоформираниот бренд „Тhe Best“ е комбинација од гласовите на селекторите и капитените на сите светски репрезентации и по еден новинар од сите членки на ФИФА.

На овогодинешната манифестација, Меси по вторпат ја доби наградата „The Best“, а Скалони по прв пат е добитник на ФИФА-признанието.

Претходна вестСрбија и Косово се договорија само да се договараат во Скопје
Следна вестМногу фалење, многу врева, многу изгубено време за само 1 пратеник повеќе