Македонија ќе биде дел од Олимписките претквалификациски турнири во кошарка

Тимот на Македонија е меѓу четириесетте кошаркарски репрезентации кои ќе играат на Олимписките претквалификациски турнири годинава. Дваесет и осумте селекции кои играа во второто коло од квалификациите за Светскиот куп но се се квалификуваа, и дванаесетте репрезентации меѓу највисоко рангираните тимови кои исто така не се квалификуваа на Мундобаскетот, ќе се наптреваруваат на претквалификациските турнири на ФИБА.

Од Европа право на настап на овие претквалификации се победниците од секоја група на претквалификациите на ФИБА Евробаскет 2025 а меѓунив и Македонија, Полска, Португалија и најдоброто европско рангирана селекција што не се квалификуваше за Светскиот Куп 2023 година, која ќе биде позната со конечната одлука која треба да биде донесена на Централниот одбор на ФИБА кој ќе се одржи на 28 април.

Турнирите ќе се одржат во периодот од 12 до 20 август 2023 година. Пет екипи од тие претквалификациски олимписки турнири на ФИБА ќе се квалификуваат за Олимписките квалификациски турнири во 2024 година.

Претходна вестКовачевски за 100 дена потрошил 26.000 евра за саморекламирање на интернет
Следна вестПроверките завршија, дојавите за бомби се лажни