Проверките завршија, дојавите за бомби се лажни

По завршените проверки утврдено е дека денешните пријави за наводно поставени експлозивни направи во скопските училишта се лажни.

Од МВР информираа дека дојави за бомби имало во 23 средни и 22 основни образовни институции.

– Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, велат од полицијата.

Дојави за бомби имаше и во претходните денови, а наставата на учениците додека траат проверките се одвива онлајн.

Претходна вестМакедонија ќе биде дел од Олимписките претквалификациски турнири во кошарка
Следна вестЕурофарм Пелистер без Ојлески и без Атанасијевиќ на дуелот против Мотор