Македонската ракометна репрезентација загуби и во Португалија со резултат од 32:27 во мечот кој се одигра вчера во четвртото коло од квалификациите за ЕП 2024 година. Нашите ракометари ќе мора најдат начин за пласман преку селекциите на Луксембург и Турција кои веќе еднаш ги победија во овој циклус.
Имено, во првото полувреме Македонија водеше со предност од 1 разлика, но во финишот дозволи Португалците да стекнат предност од 5 голови. Во второто полувреме пак, ракометарите влегоа со многу грешки, а долго време не успееа ниту да дадат гол. Португалците ја искористија оваа шанса и успеаа да направат разлика од 8 гола.
До крајот „црвено-жолтите“ успеаа да ја намалат разликата на 5 голови предност за Португалците.
Од редовите на Македонија најдобри беа Мартин Томовски со десет одбрани, и Филип Кузмановски со постигнати десет гола. Втор најдобар стрелец беше Мартин Серафимов со постигнати пет гола.
Иако по втор пат Македонија забелижи пораз од Португалија, сепак останува во игра за ЕП 2024.