Од ноќеска на полноќ: Бензинот од 95 октани 81,5, а дизелот 75,5 денари за литар

ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОДИЗЕЛ(Д-Е В) од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денари за литар, а цената на другите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,9 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 81,5, а на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е В) 75,5 денари за литар. ЕУРОСУПЕР БС – 98 и понатаму ќе се продава за 85,5, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 76,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,888 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС кој од полноќ ќе чини 39,779 денари.

Претходна вестАпасиев учествуваше на светски самит во организација на Комунистичката партија на Кина
Следна вестКомисија за употреба на имиња на личности: Именувањето на здружението „Иван Михајлов“ е провокација