На 16.03.2023 околу 08.00 часот на полигонот Стенковец, на подрачјето на Скопје, полициски службеници од Полициска станица Блаце при Регионалниот центар за гранични работи Север ги лишиле од слобода Д.А.(69), Ж.Н.Д.(64) и Ј.К.(38), сите од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени солзавец, пушка „shoebill“ кал.40мм, пушка „antiriot“ кал. 37/38мм, 3 парчиња муниција кал.40 мм, 17 парчиња муниција кал. 37/38мм за кои не поседувале никаква документација и немале добиено дозвола за пробно гаѓање од АРМ.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. За случајот е известен Јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.