Градоначалникот на Тетово Касами очигледно нема ориентација во просторот, велат од ОО СДСМ Тетово, по објавата на градоначалникот на Тетово, Билал Касами на социјалните мрежи.
-Недостојно е за еден градоначалник кој својата плата ја зема од парите на тетовчани кој се и Македонци и Албанци и Турци и Срби, Роми и останати, да споделува вакви ставови фаворизирајќи една етничка група. Да го потсетиме градоначалникот Касами дека на таа функција дојде благодарение на поддршката која му ја даде ВМРО-ДПМНЕ, односно со помош на македонските гласови.
Очекуваме и неговиот коалициски партнер ВМРО-ДПМНЕ да излезе со осуда на ваквите ставови на нивниот градоначалник“, велат од СДСМ.