Деветнаесетгодишно момче од селото Крушопек, Скопско е приведено за обљуба врз малолетничка од тетовско село.
– На 21.03.2023 во 18.45 часот во с.Радуша, скопско, полициски службеници од Полициското одделение Сарај го лишиле од слобода М.И.(19) од с.Крушопек, скопско, затоа што извршил обљуба врз малолетничка од тетовско село. Тој бил задржан во полициска станица, велат од МВР и додаваат дека ќе биде поднесена кривична пријава по документирање на настанот.