Американски институт за воени студии: Русите напредуваат во Бахмут

Евгениј Пригожин, шефот на руската приватна армија „Вагнер“, вчера изјави дека административниот центар Бахмут е заземен и дека градот е легално освоен. Раководството на Украина ги отфрли тие наводи.

Но, експертите од Американскиот институт за воени студии (ISW) го потврдија тврдењето на Пригожин по анализирањето на фотографиите. Според тинк-тенк, силите на „Вагнер“ напредуваат во центарот на Бахмут со поддршка на редовните единици на руските вооружени сили.

Борбите во Бахмут се претворија во најкрвавата битка од сеопфатната руска инвазија, која трае повеќе од една година.

Претходна вестГрадоначалникот на Центар достави иницијатива за конфискација на дивоградбите
Следна вестЧетворица скопјани набавиле 324,4 килограми кокаин од Албанија