Вечерва во центарот на Москва изби пожар во зграда која му припаѓа на руското министерство за одбрана, јави агенцијата ТАСС повикувајќи се на безбедносните служби.
На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа мал облак црн чад како се крева од седиштето на министерството за одбрана во Москва, во близина на Кремљ.
Нема детали за жртви ниту за причината на пожарот.