Бектеши оптимист: Има ефект од мерките, платите растат, а инфлацијата се намалува

Mерките кои ги носиме даваат резултати, оцени денеска Крешник Бектеши, министер за економија. Тој се повика на последните податоци на Државниот завод за статиска, според кои, има намалување на инфлацијата односно на трошоците за живот во март.

-Споредено со претходните месеци ова е најголемото намалување споредено со октомври 2022 кога почнаа да се зголемуваат цените во нашата држава и на прехранбените производи и на енергенсите. Инфлацијата е намалена за два проценти споредно со претходниот месец и во март изнесува 14,7 проценти. Најважно е што има намалување на транспорт и храна, што значи дека мерките кои ги носиме даваат резултати , рече Бектеши на денешната конференција за печат пред Министерството за економија

Според ДЗС, намалување на индексот на трошоците на живот има кај лебот и житата, кои биле пониски за 4,7 отсто. Млекото имало пониска цена за 4,6 отсто, а маслото и маснотиите за 2,4 отсто. За 2,2 отсто пониска цена имале сирењето и урдата, а свежото и разладеното овошје за 1,2 отсто. Во март рибата и морските плодови имале пониска цена за 0,8, а јајцата за 0,2 отсто.

Претходна вестСтарец ангажирал тројца малолетници да ограбат хендикепирана скопјанка, и одзеле 30.000 денари со кои требало да купи лекови
Следна вестГрчец два дена во мрак поради неконтролирана кражба на електрична енергија