Пропадна и третиот обид за приватни превозници на Град Скопје

Пропадна и третиот јавен повик на Град Скопје за избор на приватни превозници на линиите каде што нема јавни автобуси.

Од Градот Скопје немаат објаснување за јавноста која е причината што ќе пшродолжи хаосот со превозот во главниот град.

Наместо тоа, објавен е нов повик под истите услови како и претходниот. Се бараат превозници за 16 линии.

Единствено е познато дека пред околу три недели градоначалничката Данела Арсовска тврдеше дека имало заинтересирани.

За овие линии потребни се 115 автобуси и 245 возачи. Новиот повик ќе трае до 24 април.

Во февруари превозниците постигнаа договор со Градот, долгот да се плати и да се пријават за да почнат со работа, но засега нема ништо од тоа.

Претходна вестФиналето на македонскиот фудбалски Куп во Струмица
Следна вестМЗТ со рутинска победа против Феникс ја потврди првата позиција