Некогашната најмлада милијардерка во светот ќе помине 11 години во затвор

Некогашната најмлада милијардерка во светот и основач на стартапот „Теранос“, Елизабет Холмс, мора да започне да ја отслужува 11 годишната затворска казна на 27 април. Федералниот судија го одби нејзиното барање да остане на слобода до завршување на жалбената постапка.

Во изрекувањето на пресудата на Холмс, која беше осудена во јануари 2022 година за четири точки од обвинението за измама и измама на инвеститори во врска со неуспешниот проект на машината за тестирање на крвта на Едисон, судијата на окружниот суд Едвард Давила напиша дека „малку е веројатно Холмс да се обиде да избега“ и изјави дека таа „не претставува опасност за јавноста“, пренесува лондонскиот дневен весник „Гардијан“.

Сепак, судијата во Сан Хозе пресуди дека нејзината жалба најверојатно нема да доведе до поништување на пресудата или ново судење, што е услов за обвинетата да може да остане на слобода до завршување на жалбената постапка.

Обвинителството предупреди дека постои ризик Холмс да се обиде да избега и изјави дека партнерот на обвинетата купил авионски билет за Мексико во еден правец непосредно пред да поднесе жалба на пресудата.

Компанијата „Теранос“ беше медицински стартап за нова технологија која, како што се веруваше, требаше да донесе револуција во областа на медицинската анализа на крвта со помош на апарат наречен Едисон.

Претходна вестОбјавен роман посветен на љубовта на Гоце Делчев и Јанка Каневче
Следна вестМора да се реши проблемот со кучињата, и на оние со и на оние без сопственици