Кошаркарите на Пелистер претрпеа елиминација уште на стартот од плејофот во АБА2 лигата, откако на завршниот турнир во Домжале загубија од домаќинот Хелиос со убедливи 101:47.
Избраниците на Марјан Илиевски не беа ниту близу до достоен ривал на овој меч, а победникот беше познат уште по првото полувреме кога противникот поведе со 56:22. Во составот на Пелистер недостасуваа двајцата клучни играчи Карутерс и Карпентер, кои имаа проблеми со документацијата и не ја напуштија Македонија.
Најефикасен во тимот од Битола беше Сеад Хаџифезовиќ со 17 поени.