Физички напади врз двајца полициски службеници се забележани вчера во Берово и во Кривогаштани, соопшти полицијата.
Како што соопшти МВР, вчера во 1.00 часот на Градскиот плоштад во Берово, приведен е А.Ч.(36) од Берово. Тој агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во вториот случај, вчера во 4.30 часот пред угостителски објект во село Кривогаштани, Х.П. физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.